-
24.05.2023
-
Вести, Актуелно
УКРАИНА - МАКЕДОНИЈА 2-0 (20-8, 23-16)
Поени за Македонија постигнаа: Ана Марија Божиновска 6, Ангела Јанкуловска 4, Теодора Гулицкоска 4, Бојана Диневска 4, Теодора Марковска 4, Пена Граматова 2
Женската репрезентација на Македонија го почна настапот на ЕП на плажа што следниве пет дена ќе се одржува во Португалија.
Нашата репрезентација во првото коло играше против селекцијата на Украина, репрезентација која има и еден златен медал од ЕП и беше поразена со 2-0 (20-8,
Македонија во вториот сет беше рамноправна до извесна фаза (6-7, 8-11), но двете украински репрезентативки од големиот ракомет, Анастасија Бондаренко (14 поедни) и Јулија Андријчук (12 поени) кои имаат и големо искуство во ракомет на плажа го одведоа својот тим до сигурна победа.
Овој епилог е очекуван, затоа што на ЕП отпатувавме како заменска репрезентација и би рекле дека му направивме услуга на ЕХФ и на овој спорт воопшто затоа што Турција која беше планирана да игра поради последиците од земјотресот што се рефлектираат во сите сфери, го откажа настапот.
Македонија замина со млада репрезентација која нема искуство во овој спорт, следствено без резултатски амбиции, но како дел од европското ракометно семејство го прифати предизвикот. Играме против репрезентации каде што ракометот на плажа е помалку повеќе етаблиран спорт, па резултатски за нашиот тим, секој освоен сет би бил успех.
Македонија своевремено имаше неколку настапи во ракомет на плажа, каде игравме и со дел од сениорските репрезентативци и во машка и во женска конкуренција.
Овој спорт е потенцијал за Олимписки игри, единствената препрека поради која сѐ упте не е на списокот на летните ОИ е поради бројот на спортисти. ИОК се труди поради трошоците да намали колку што може повеќе учесници, па затоа и ракометот на плажа како колективен спорт што би донел околу 200 спортсти плус на ОИ плус тренери итн., остана промотивен спорт, засега.
Денеска од 15:00 часот, Македонија ќе го одигра и вториот меч од групната фаза, против репрезентацијата на Холандија.