Нов СЕХА-лигаш, а Вардар и Ч. Медведи добија друштво

Вардар и Чеховски медведи добија друштво за кое покана е да се биде долгогодишен шампион и сезонава таа приказна да добие крај. 
ППД Загреб доминираше со Нексе, Келце за еден гол се спаси од Висла Плоцк, но Вардар и Чеховски медведи добија друштво од Словачка. 

Татран Прешов по 17 години минати на шампионскиот престол сега е вице-шампион. Екипата на Повашка Бистрица го совлада Татран Прешов со 3-2 во финалната серија и стана нов првак на Словачка, следствено и претставник во Лигата на шампионите, доколку аплицираат за вајлд карта.
Словачка нема рејтинг за место во ЛШ, но може да побара вајлд карта. Доколку тоа не е опција, тогаш ќе биде директно пласирана во групната фаза на Европската лига, а Татран во овој случај би играл квалификации за ЕЛ. 

Со оглед на концептот на СЕХА, во лигата да играат шампионите, екипата на Повашка Бистрица би требало да добие покана за учество во СЕХА следната сезона. Под услов оваа лига да опстане.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk