Партизан ќе го бојкотира трнерот Борис Ројевиќ

Дуелот меѓу Војводина и Партизан, прва од финалната плејоф серија беше одбележана со инциденти, тепачка на теренот, провокации и сешто друго на теренот.
По мечот со соопштение излезе Партизан, пракса што на Балканот е да (не) речеме секојдневие. Партизан во соопштението се жали за неспортски амбиент и исто такво однесување на гостинските навивачи.
Ова е од наш агол парадоксално, да (не) речеме лицемерно, со оглед на нашите, македонските искуства со навивачите на Партизан. 
Настрана тоа, интересен момент потенцира управата на црно-белите. Не ги апострофираат само навивачите на Војводина, туку и членовите на управата и тренерот. Посебно издвојуваме дека ако тренерот на Војводина, Борис Ројевиќ некогаш повторно стане селектор во која било категорија, ракометарите на Партизан нема да настапуваат за избраната селекција.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk