Жалбата на Бутел ќе биде прифатена

Т. Пролет и Бутел Скопје одиграа интересен, но се покажа на крајот и контроверзен натпревар на кој Пролет со гол од пенал во последната секунда, добиен поради опструкција, израмни и мечот заврши нерешено (23-23).

По средбата Бутел Скопје официјално се жалеше дека времето не било исправно мерено, а се жалеше и за судењето, односно последната ситуација.
Т. Пролет објави соопштение дека ги поддржува. 

РФМ денеска очекуваме да донесе одлука со која ја уважува жалбата на Бутел и средбата ќе биде регистрирана со резултат 23-22 за Бутел Скопје. Последниот гол на Т. Пролет ќе биде поништен  затоа што целата ситуација се одвивала по истекот на времето, но поради технички проблеми со семафорот односно мерењето на времето се играло подолго и тоа десетина секунди.
Проблемот со мерење на време бил актуелен во вториот дел, најмалку трипати затајувало времето на семафорот и веројатно се работи за технички проблем. Последната ситуација, опструкцијата, седмерецот... се тоа се одвивало десетина секунди по истекот на времето. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk