-
22.05.2023
-
Вести, Актуелно
Секогаш има нешто ново кај нас што ќе нѐ „изненади“. Овој пат е Т. Пролет кој оценил дека има судиска грешка на нивниот дуел со Бутел Скопје и бараат жалбата на бутелчани да биде прифатена и мечот да биде регистриран со резултат 23-22 за гостинскиот тим, место 23-23 како што беше реуларниот крај.
Соопштение до јавноста по натпреварот Тинекс Пролет - Бутел
22.05.2023
Како клуб со традиција долга повеќе од 60 години, наше основно начело отсекогаш бил спортскиот ферплеј и сме се раководеле преку истиот без оглед на моментите резултати шти биле остварувани.
Токму поради тоа, непријатно сме изненадени од случувањата во самиот финиш на вчерашниот натпревар меѓу РК Тинекс Пролет 62 и РК Бутел, како и од реакцијата на гостинскиот клуб по неговото завршување. Многу полесно ќе беше мечот да го одиграме в сабота и Бутел да биде без важен играч во своите редови, но постапивме крајно спортски и излеговме во пресрет на нивното барање натпреварот да го закажеме за недела.
Начелото на ферплеј и покажување на големина и во победи и во порази е нешто што РК Пролет го красело и се уште го краси, тоа го демонстрираме и во овој случај...
По консултациите извршени во рамките на нашиот клуб, наша препорака е жалбата на РК Бутел да биде прифатена и дуелот да биде регистриран со резултат 22-23, поништувајќи го со тоа последниот гол од пенал за израмнување.
Грешките се составен дел од секој спорт, па и од ракометот, не сакаме да биде покажувано со прст кон било кој како виновник за финишот од мечот во нашата сала „Македонско Сонце“.
Резултатот во случајов не е толку важен колку респектот што треба да се гради меѓу сите чинители во македонскиот ракомет. Затоа што мак-ракометот е многу повеќе од една победа или пораз.
Без разлика што мислат двата клуба, треба да се направи вистинска проценка, а ние бар во Македонија за среќа меѓудругото и ги имаме најдобрите светски судии и првиот човек на судиската организација во ЕХФ, па би ја префрлиле топката односно одлуката по прегледана снимка, нанјависоко ниво. Кој е во право? Судиите или екипите?
Поврзани вести