Бутел се жали на судењето со Т. Пролет!

Интересна ситуација и момент за судиска анализа имаше последниот меч од претпоследното коло од машката Суперлига. Ситуација вредна да се позанимаваат со неа и повисоките судиски органи и да дадат соодветно објаснување. Бутел Скопје официјално поднесе жалба за судењето на средбата. 

Имено, на неколку секунди до крајот, при водство на Бутел Скопје од 23-22, ракометарот Мајиќ е во посед на топката, тој е во пробив, а судиите му ја одземаат топката на три секунди до крајот. Но, Пролет не успеа да ја земе топката затоа што Мајиќ им засмета, а од страна на судиите тоа беше оквалификувано како обид за задржување на време и беше казнето со седмерец по кој Т. Пролет израмни. 

Бутел Скопје се жали и за враќање на времето на семафорот, што исто така треба да се провери и анализира. 

Натпреварот заврши 23-23, а резултатски за Бутел има значење затоа што со победа во последното коло над Охрид ќе го минеа на табелата. Резултатот не игра улога во поглед на местата за Европа. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk