Дојде денот: Битола доби ракометен шампион

Еурофарм Пелистер е нов ракометен шампион на Македонија. Имаа битолчани најконстнен низ во текот на исклучително интересното првенство и разликата ја направија интересно, не на дуелите со директниот ривал во случајов Вардар, што овде било традиција со години, туку на дуелите со другите условно послаби противници. За разлика од нив, нивниот главен ривал, „киксна“ кардинално во „Автокоманда“ по што пехарот им беше сервиран на битолчани, а потоа за заверка на титулата „кикс“ во Кавадарци. 

Славеето допрва следи, следниот викенд во Битола доаѓа и шампионскиот пехар, но еднакво важно е што сега пред Е. Пелистер се отвора еден цел друг (ракометен) свет. Лигата на шампиони. Македонија има директно место во ова натпреварување. Ние сме на осмото, а девет места, држави, добиваат директен пласман. 
Но, ЕХФ има и други услови за играње во нивниот најдобар и квалитативно и маркетиншки проект и Битола ќе мора да вложи и во условите за играње. ЛШ се игра во зима, а гости во Битола ќе бидат екипи какви што се Барса, ПСЖ, Кил, Келце... Дел од нив се и со осумцифрени буџети, а стандардите секоја година повисоки. 
Сѐ тоа може да се среди, но треба многу сериозна организација, професионализам и нормално, буџет. Лигата на шампионите е посебна приказна, во многу нешта неспоредлива со Европската лига.
Прилично јасно треба да е дека треба и конкурентен тим. Несвојствено за другите спортови, но во ракометот, конкретно во ЛШ, ЕХФ си го додели како право и критериумот да проценува и со каков квалитет располагаат екипите при доделувањето на дозволите за ЛШ. 

Лигата на шампионите е посебна приказна, во многу нешта неспоредлива со Европската лига, а тоа ќе го почувствува на своја кожа и Вардар, најсериозниот кандидат, сега веќе за второто место.
Веруваме дека многу нешта околу иднината и изгледот на Вардар за следната сезона беа планирани и директно поврзани со шампионскиот пехар и Лигата на шампионите. 
Пред Вардар е најскапата сезона во последните десет години. Олеснително е што во Европската лига нема превисок критериум за квалитетот, односно буџетот на екипата, а Вардар ги има логистичките и инфраструктурните услови. 
Но, Вардар има неодговорени прашања околу настапот во Европа. Долгот поради кој годинава не играше во Лигата на шампионите не е расчистен. Барем никаде немаме сретнато информација дека е. 
Играњето во Европската лига не е исто што и ЛШ и од финансиски аспект.

Имено, за секоj гостински натпревар во ЛШ, ЕХФ плаќа по 30.000 евра, односно само за групната фаза тоа се 210.000 евра компензација. Плус 5.000 евра за секој освоен бод итн. 
Во Европската лига, компензацијата за еден натпревар е десет пати помала, односно ЕХФ плаќа само по 3.000 по натпревар и 500 евра за освоен бод. 

Македонија ќе има уште два претставника во Европа, а тоа се Алкалоид во Европската лига и ГРК Тиквеш во ЕХФ Европскиот Куп. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk