Одложена суперлигашката промоција на Аеродром

Екипите на Мулти Есенс и Аеродром одиграа нерешено 27-27 на премиерниот меч од претпоследното коло во прволигашката конкурецнија. 
На Аеродром му беше потребна победа за верификување на пласманот во Суперлигата  за следната сезона, додека Мулти Есенс веќе го подигна шампионскиот пехар и има обезбедено пласман во повисок ранг. 
Ова е првиот меч во целата сезона, вклучувајќи ги и натпреварите од групата во есенскиот дел на кој Мулти Есенс не успеа да победи и ја запре серијата на победи која само во плејоф изнесуваше 16 од 16. Мулти Есенс и натаму останува единствениот тим без пораз во прволигашката конкуренција. 

Мулти Есенс го диктираше резултатот во текот на целиот меч, но Аеродром беше постојано блиску, а во својот последен напад од седмерец израмни на 27-27. Последен напаѓаше Мулти Есенс, но шутот во последните моменти не стигна до мрежата на домашниот состав. 

Сега Аеродром има четири бода и натпревар повеќе од екипата на Драчево. Драчевскиот тим има домашен меч со Шампион, а потоа во последното коло му гостува на Мулти Есенс. 
Аеродром, пак, во последното коло ќе игра на гостински терен со екипата на Македонија Ѓ. П. 
За директен пласман во Суперлигата, Аеродром решева сам. Ќе му биде доволна било каква победа во Ѓ. Петров или пак Шампион или пак поверојатно Мулти Есенс да одиграат барем нерешено со Драчево. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk