Ч. Медведи симнати од тронот по 20 години!

Во годината во која руските клубови се под европска суспензија, се случи најголемиот клупски момент во рамки на две децении. 
Чеховски медведи единствениот руски шампион од 2002 наваму, вечерва е елиминиран во полуфиналето на рускиот плејоф. 
ЦСКА Москва во два натпревари беше подобра од момците на Владимир Максимов, со победа и на двата меча. Првиот меч дома со 29-27, а вечерва славеа во Чехов со резултат 29-26 и се пласираа во финалето каде што ќе се сретнат со екипата на Пермски медведи.
Победникот од овој дуел, ќе биде новиот шампион на Русија. 

Двајца поранешни ракометари на Вардар се дел од ЦСКА. Тоа се Данил Шишкарeв кој вечерва постигна шест гола и десниот бек Димитри Кисељов.

Со ова е ставен крај на уште една децениска династија. Во Европа останува само еден недопирлив - ППД Загреб кој е шампион на Хрватска на сите досегашни првенства.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk