ГОГ е тим со план: Доаѓа врвен тренер

Данскиот тим ГОГ сезонава се „прослави“ со продажбата на своите таленти во Бундеслигата што секако е врвен доказ за квалитетот со кој се работи во оваа данска средина. 
Заминува и тренерот, Николеј Крикау и тоа во Флензбург. Ништо чудно, Флензбург е одамна „дански“ клуб што игра во Германија, но прашањето беше како ќе го надополни неговото отсуство со оглед на тоа дека на овој релативно анонимен тренер му се препишаа најголемите заслуги за создавањето на играчи од типот на Питлик, Јоргенсен итн. 

ГОГ е клуб со план. Добар план. Местото на Крикау треба да го заземе еден од тренерите што исто така се докажа на големата сцена на сличен начин како и Крикау. Од ништо - правеше нешто. 

Снори Гудјонсен, тренерот на Валур кој во конкуренција со позвучните исландски тренери стана прв кандидат за селектор на Исланд е целта на ГОГ. Преговорите течат, потврдија и двете страни дека се разговара, останува само да го почекаме епилогот. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk