Веспрем е прв (барем) на една листа на ЛШ

Веспрем е еден од најдобрите европски ракометни тимови, во континуитет не се години туку со децении. Во тоа нема никаква дилема, а со оглед на трансферите и буџетот што го има ќе остане така и уште долго. 

Веспрем е лидер во една неславна категорија, а тоа е години минати во редот за шампионскиот пехар на ЛШ. Имаат четири настапи во финалето на ЛШ, но никогаш не биле на пехарот. 
Данскиот ракометен блогер и екс играч, Расмус Бојсен кој се занимава со статистики од ваков тип, излезе со податок односно листа на која се набројани екипите што биле во Топ 8 барем двапати, а немаат шампионски пехар. 

Веспрем е убедливо прв на тој список со неверојатни 23 пласмани во Топ 8, рековме и четири финалиња, а немаат засега победено. Втор на овој список е ПСЖ кој има 10 настапи во Топ 8, но годинава ќе игра на Ф4, па ќе има шанса и да стане првак. 

Ниту вториот унгарски тим, ПИК Сегед не се прославил, тие имаат шест настапи во Топ 8. 
Данскиот „колега“ го сместил и ППД Загреб на овој список со 14 учества во Топ 8. Но, Загреб има две шампионски титули, за волја на вистината пред ерата на ЕХФ која почна во сезоната 1993-94, (Загреб беше првак во 1992 и 1993 кога Куп на Шампиони беше под капата на ИХФ).
Двапати во Топ 8 бил и македонскиот Металург. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk