Келце го разби Веспрем

Келце го разби Веспрем на реванш натпреварот од 1/4 финалето од Лигата на шампионите и се пласираше на Ф4 Келн 2023.
Конечниот резултат е 31-27 што секако не делува како резултат што отсликува голема доминација на еден од тимовите, но резултатот не е реалната слика.
Веспрем беше надигран во секој сегмент и немоќен да направи ништо во тој поглед. Келце имаше сѐ под свое. Имаше плус шест уште во првиот дел (18-12), во продолжението имаше и плус седум, а преполната сала во која сите до еден навивачи беа во жолти маички на крајот на мечот имаа можност во игра да ја видат и втората и третата постава на играчи. 

Претходно пласман на Ф4 обезбедија Магдебург и ПСЖ; а вечерва очекуваме и Барса да го врикфикува пласманот. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk