Нов „дил“ за Лекиќ, нов клуб за Пелко, повик за Мандалиниќ

Екипата на Ференцварош е изненадувањето на сезоната, по елиминацијата на Мец и пласманот на Ф4 Будимпешта. Задоволството од резултатот, се преточи во нов договор за српската интернационалка и поранешна ракометарка на Вардар, Андреа Лекиќ. Таа останува во ФТЦ и следната сезона. 

Домен Сикошек Пелко дојда во Вардар како анонимец, но каде сѐ не заигра отако си замина од Скопје. Играше за Логроњо, па тие го позајмија на Флензбург, па повторно се врати во Логеоњо од каде беше испратен за Трембле.  Од таму замина во Луцерн, а од Швајцарција се пресели на Кипар. 
Сега си оди и од Кипар и следната сезона ќе стои на линијата на Балатонфуред од Унгарија. 

Селекторот на Хрватска, Горан Перковац одигра уште еден малку популистички потег и во репрезентацијата повика ракометари кои одамна го имаат загубено репрезентативниот статус. 
Така на новиот список се најде и екс играчот на Е. Пелистер, Стипе Мандалиниќ. Покрај Мандалиниќ во репрезентацијатана Хрватска шанса ќе добијат уште двајца екс играчи на битолскиот клуб. Тоа се Томислав Кушан и Матео Мараш. 

Поврзани вести