Македонец ќе води клуб во Шведска

Поранешниот македонски репрезентативец Никола Стојчевски е назачен за нов тренер на екипата на Торсланда од Шведска. 
Никола Стојчевски ќе биде прв тренер на клубот, а асистент ќе му биде Швеѓанецот Магнус Јохансон. 

Екипата на Торсланда се натпреварува во Allsvenskan -  Втората по сила лига во Шведска и годинава игра плејаут.
Никола Стојчевски е ресенчанец, во Македонија играше во Вардар и во Металург, но кариерата главно ја градеше во странство. 
Има настапувано за екипите на Клуж и Пандури од Романија, Клуб Тунис од Тунис, Редбергслид и Дрот од Шведска, Ферндорф од Германија... 
Сега влеува во тренерски предизвик и ќе видиме како под негово повдство ќе игра екипата на Торсланда. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk