Шампион ќе го предизвика Ѓ. Петров, Металург против Вардар

Крајот на сезоната е веќе зад аголот, се пресметуваат на прсти деновите до летниот одмор, но претходно следува најинтересниот дел, финишот и доделувањето на шампионските пехари. 
Пионерите ја завршија својата сезона, викендов се на ред кадети и младинки. 

Фајналфор турнирите се спремни. Паровите се веќе познати. 
Интересно ќе се биде во женска младинска конкуренција. Викендов ќе се игра завршниот турнир а учесници се три познати ракометни имиња и меѓунив една млада екипа што си го пробива сама својот пат кон врвот и за која ќе се слушнат убави работи во иднина. 

Ѓорче Петров, Вардар, Металург и Шампион е четворката што ќе се бори за пехарот.
Вардар и Металург како во старите добри времиња формираат еден полуфинален пар. Ѓорче Петров ќе игра против Шампион. Навидум „полесна“ задача за ракометарките на идниот сениорски шампион, но не би требало да се чувстуваат многу лагодно, затоа што Шампион сезонава пораз има само од Вардар. А и рековме, во овој тим има доста потенцијал за изненадување. 


Екипата на Шампион ќе го предзивика Ѓ. Петров во полуфиналето

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk