Кил купува играч од „македонскиот“ мундијал

Македонија беше домаќин на кадетско Светско првенство во 2019 година, мундијал кој е прв за веруваме дузина на ракометни ѕвезди. 
Веќе ги имаме како етаблирани ѕвезди Симон Питлик, Хаукур Трастарсон, Мартим Кошта, Салвадор Салвадор, годинава Јусуф Фарук од Нигерија игра одлично за Логроњо, а и Филип Ахуаносу од Германија имаше прогрес кон РНЛ. Наскоро редот доаѓа на уште еден германски играч кој играше во „Борис Трајковски“. 

Се работи за бекот Јулијан Костер, германски играч кој игра за екипата на Гумерзбах. Наводно, неговиот трансфер и премин во редовите на најголемиот германски тим - Кил е пред реализација. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk