Не се дава неосвоениот бастион - ППД Загреб пак е шампион

Екипата на ППД Загреб стана шампион на Хрватска по 31 пат и остана единствената екипа во ракометот која никогаш не била втора или послабопласирана. Единствениот првак што го има хрватскиот машки ракомет е ППД Загреб. 

Ривалите на ППД Загреб неславно завршувале, дури и кога биле подобри на терен и реално требало да станат шампиони. Но, ППД Загреб знае како се станува шампион на Хрватска и додека некој го симне од тронот ќе треба многу време.
Можеби тоа многу време ќе биде и само една година, затоа што летово во Нексе, екипата што последните години ја носил клетвата да биде секогаш втор, стигнуваат врвни играчи како Марко Безјак и Мануел Штрлек. 
Дали тоа ќе биде доволно?
Годинава Чупиќ и Дибиров слават титула. Синоќа го победија со 28-27 Нексе како гости и ја добија финалната серија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk