Нов договор за Мандалиниќ

Иако годинава немаа позабележителни резултати, беа елиминирани и од Европа и од Купот, челниците на грчкиот тим АЕК Атина нема да направат поголем рез, барем кога се работи за носителите на играта, односно странските играчи. 

Поранешниот миленик, а сега не толку омилен ракометар на битолчани, Стипе Мандалиниќ останува во Атина. Тој потпиша нов едногодишен договор со грчкиот клуб и ќе биде играч на АЕК најмалку до јуни 2024 година. 

Поврзани вести