-
12.05.2023
-
Вести, Планета ракомет, Трансфери
Само уште 13 гола му недостасуваат на Данецот Ханс Линдберг за да го надмине рекордот од 2.905 гола на Кореецот Кјун Шин Јон и да стане најдобриот стрелец во историјата на Бундеслигата.
Познатиот хрватски дефанзивец кој со години ги тероризираше напаѓачите играјќи за Сегед, сезонава ја одигра во дресот на Нексе, а на лето се сели во Луксембург. Таму ќе игра за екипата на Каерјенг, клубот каде што последниве 12 години игра нашиот Владимир Темелков, а ќе му биде доделно да води и некоја од младите репрезентации на оваа земја.
Хрватскиот клуб Нексе потврди дека следната сезона од нивната екипа заминуваат Марин Јелиниќ (Сегед), Томислав Северац (Хамбург), Јанко Кевиќ (Фендроф), Ален Блажевиќ (Каерјенг), Карло Годец и Фран Милета.
Доаѓаат: Гал Маргуч (Целје), Мануел Штрлек (Веспрем), Марко Безјак (Магдебург), Огњен Цениќ (Барса 2), Адир Кохен (Трембле).
Исландскиот репрезентативец Ори Фреир Торкелсон, заминува од редовите на норвешкиот првак Елверум и следната сезона ќе игра за екипата на Спортинг Лисабон од Португалија.
Шпанскиот пивот Рафаел Баена, своевремено играч на Адемар, Кретеј, РНЛ... објави крај на кариерата на возраст од 40 години.
Долга пауза е пред кубанскиот бек Анхел Ромеро од екипата на Логроњо. Тој ги скина лигаментите на коленото и веројатно во оваа календарска година за него нема да има ракомет.
Српското (десно) крило Богдан Радивојевиќ со статус на социјалните мрежи потврди дека летово заминува од екипата на ПИК Сегед.
Поврзани вести