Раул си најде џиновски пивот за догодина

Шпанскиот пивот Рубен Марчан (28) ќе биде замената за Хенрик Тофт Хансен во екипата на ПСЖ следната сезона. 
Шпанскиот пивот во моментов е играч на Нант, но една година порано ќе замине од редовите на овој тим за да му се приклучи на парискиот дрим тим. 

Рубен Марчан е пивот висок 204 сантиметри, тежок околу 122 килогорами. Во редовите на Нант е од 2021 година. Во ПСЖ ќе игра покрај Лука Карабатиќ (202 см) и Камил Шипжак (207 см). 

Ако не знаевте: Рубен Марчан доаѓа во ПСЖ една година пред да му истече договорот со Нант. Не се знае колку ПСЖ платил за овој потег, но се знае дека за првиот трансфер на Рубен Марчан, во 2012 екипата на Куенка му плати на неговиот матичен клуб, Манзанарес отштета од 3.000 евра. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk