Аеродром е пионерски шампион на Македонија

РК Аеродром е тип на клуб каков што во македонскиот ракомет има малку, а потребни се многу. Посветена работа првенствено со помладите категории од каде што правилно се насочоуваат ракометарите, кои потоа сами си го бираат својот пат.
РК Аеродром е прволигаш со голема шанса да стане и суперлигаш, но поважно од резултатот е што, неколку играчи што почнале кај нив стигнаа и до репрезентативен дрес што кажува дека се работи квалитетно и дека треба да им се даде поддршка да продолжат така како што знаат да работат.

Денеска нова потврда за нив, пионерската екипа на Аеродром е нов шампион на Македонија. Имаа тежок пат во групната фаза, стигнаа до Ф4 и финалето, а таму беа подобри од екипата на Голден Арт (21-20). 
Во финалето, пионерите на Аеродром водеа и со осум гола разлика, на крајот затреперија рацете пред големиот успех и противничката екипа успеа да се врати во игра и да намали на само еден гол разлика. Но, на крајот се радуваа пионерите на Аеродром. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk