Топ вести: Митревски добива нов колега, три ѕвезди предвреме ја завршија сезоната...

Македонскиот голман Никола Митревски, следната сезона минутажата на голот на Порто најверојатно ќе ја дели со полскиот голман Матеуш Корнецки. 

Екипите на Ѓер и Кристијансанд се првите екипи што се пласираа на женскиот Фајналфор во Лигата на шампионите. Ѓер го елиминираше данскиот тим Одензе, додека Кристијансанд беше подобар од романската екипа Рапид Букурешт. 
Денеска ќе биде комплетиран женскиот Ф4, а со предност од првите натпревари стартуваат Мец (32-26) пред Ференцварош и екипата на Есбјерг (32-28) над ЧСМ Букурешт. 


Романскиот тим Динамо Букурешт објави дека потпишале договор со унгарскиот репрезентативец Миклош Роста, еден од најдобрите играчи на ПИК Сегед. 

Сезоната е завршена за десниот бек на Кил, Штефан Вајнхолд. Тој мораше на операција и нема да се врати навреме на теренот. 

Сезоната е завршена и за новиот дански суперталент, Мадс Хоксер. Десниот бек мора на операција на менискус и нема да биде спремен за игра до крајот на сезоната. 

Сезоната е завршена и за германскиот репрезентативец Пол Друкс. Настрада неговата Ахиловата тетива и му претстои долга пауза. 

Швајцарскиот Луцерн предводен од големото сезонско засиллување Анди Шмит го освои Купот на Швајцарија со победа во финалето над најголемиот ривал - Кадетен Шафхаузен. 
Ова е прв пехар за Луцерн во нивната историја. 

Tрансфер што не се случува често направија две ракометарки на црногорскиот тим Будуќност. Матија Плитиќ и Наташа Коровиќ потпишаа краткорочни договори со египетскиот тим Ал Ахли. 



Словенечкиот десен бек Тадеј Кљун заминува од Бенфика и следната сезона ќе игра за унгарскиот тим Балатонфуред. 

Задоволни од Михаел Шведкарт, особено по победата над Берлин, раководството на Штутгарт го продолжи договорот со тренерот. На првиот меч по обновување на соработката, Штутгарт одигра нерешено со последниот на табелата, Хам Вестфален. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk