Ваљадолид запрен во полуфиналето

Екипата на Ваљадолид за која настапуваат двајца македонски интернационалци, успеа да стигне до полуфиналето на Кралскиот Куп во Шпанија каде што беа елиминирани од екипата на Ла Риоха. 

Ваљадолид за кого играат Дарко Димитриевски и Димитар Димитриоски на пенали го совлада тимот на Синфин и се пласираше во полуфиналето. Димитриевски на овој меч постигна 4 (2) гола, а Димитриоски 2(1) погодок. 

Во полифиналето, Ваљадолид со 29-27 беше поразен од Ла Риоха, а на оваа средба Димитриевски постигна два, а Димитриоски еден погодок. 

Во финалето ќе се играат Ла Риоха и Барса. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk