Му завршија работа на Динамо, сега си одат

Динамо Букурешт има петгодишен план и буџет за да ја оствари целта, а тоа е пласман на Ф4 на Лигата на шампионите. Планот го спроведува екс Барса, Хавиер Пасквал, а по неколкуте падни-стани, сега се чини фати добар ритам. 

Динамо е веќе шампион на Романија, а практично се прошета низ домашното првенство, со што ги оствари целите на клубот, а во ЛШ беше елиминиран од Кил. 

Играчките промени допрва доаѓаат, а прв кој заминува од клубот е искусниот играч Валентин Гјонеа. Ова 39 годишно крило веќе има договор со Стеауа пишуваат романските медиуми. 

Динамо нема само да троши пари, туку од некои и ќе заработи. Таков пример е египетскиот ас Али Зеин кој дојде од Барса. Зеин си ја заврши работата во Романија, а сега оди на позајмица во родниот Египет, каде ќе настапи на најважните меѓународни натпревари во дресот на Ал Ахли предводен од Давид Дејвис.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk