Големото дерби за титула, дуелот меѓу Е. Пелистер и Вардар ќе се игра денеска од 19:00 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.
Дуелот меѓу двата најдобри македонски тима сезонава ќе биде директно пренесуван на МТВ - 3. Почетокот е закажан за 19:00 часот.
Натпреварот можете да го гледате и со клик на следниот линк:
Е. ПЕЛИСТЕР - ВАРДАР 1961
На првата средба, одиграна во Скопје убедливо славеше Вардар, со седум гола разлика победи скопскиот тим. На средбата имаше инциденти на трибините и теренот, за што битолчани велат дека потоа се одразила на нивната игра и дека по инцидентот биле друга екипа. Во меѓувреме и навивачката група Чкембари се скара со клупската управа, па Е. Пелистер одеднаш остана и без навивачи и практично без шанса да стигне до шампионскиот пехар.
Но, Вардар се чини почна прерано да слави и го потцени третиот (по)голем играч во домашното првенство - дебитантот Алкалоид. Младиот проект покажа заби и му го нанесе на Вардар првиот пораз сезонава, а со тоа и на Е. Пелистер му ги врати шансите и со обична минимална победа да стане првак.
Сега дојде редот битолчани да си ја одработат задачата. Или пак, Вардар да ја потврди својата доминација и среде Битола.
Ова ќе биде едно од ретките дерби средби во Македонија на кое салата ќе биде полна, но нема да има навивачки групи.