Екипата на Ѓ. Петров е старо-нов шампион на Македонија. Денеска ѓорчепетровки, по натпреварот со Куманово, го добија шампионскиот пехар, на едно коло до крајот на пренството кое нема да одлучува за врвот на табелата.
Вечерва во СС Христо Батанџиев по завршување на натпреварот Ѓорче Петров ЖРК - ЖРК Куманово, пехарот и медалите беа доделени од страна на Генералниот секретар на Ракометната федерација, Г-дин Филип Милошевски.
За Ѓ. Петров ова е втор шампионски пехар или 19-ти шампионски пехар, ако се вбројуваат и тие освоени од 1993 до 2009 кога најдобар клуб во Македонија беше Кометал Ѓ. Петров.