Македонија и Шпанија во ист ден сменија селектори

Женските репрезентации на Македонија и Шпанија се во иста квалификациска група за пласман на ЕП 2024. Покрај нив во оваа група се и репрезентациите на Литванија и на Азербејџан. 

Куриозитет на непочнати квалификации е што Македонија и Шпанија во ист ден ги сменија селекторите. 

Тука завршуваат сите сличности и споредби. Нов, селектор на Шпанија е Мартин Амброс, во моментов тренер на Ѓер и тренер кој четири пати ја освојувал Лигата на шампионите. Амброс е поранешен селектор на Романија и на Русија со која освои и бронзен медал на СП 2019. 

Досегашниот вршител на селекторската функција во шпанската репрезентација, Хозе Игнасио Прадес, се враќа на неговата стара позиција - асистент на селекторот. Оваа функција ја извршуваше во времето кога селектор беше Карлос Вивер, а потоа по неговото заминување беше унапреден. Се досега. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk