Миркуловски го (из)вади Вецлар од калта

Бундеслигашот Вецлар на чија клупа по заминувањето на Хрвоје Хорват остана македонскиот интернационалец Филип Миркуловски заедно со спортскиот директор на клубот Јасмин Чамџиќ, ја запиша втората победа од три одиграни натпревари. 

Екипата на Вецлар запиша многу важна победа над Лемго (26-24) и му избега за четири бода на тимот на Минден кој е во зоната на испаѓање и има натпревар помалку од Вецлар. Тимот на Миркуловски сега има 15 бода на 16 место кое носи опстанок, додека Минден има 11 на 17 место и е во зона на испаѓање. 
Плус за тимот на Миркуловски е што во последните шест кола, колку што остануваат за нив до крајот имаат и домашна средба со Хам Вестфален, екипа што е на дното на табелата, практично без шанса за опстанок. На 11 мај ќе се игра тој меч, а претходно уште утре Вецлар ќе игра со Хамбург на гости. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk