Савевски веќе не е селектор на Македонија

Ракометната федерција на Македнија денеска објави дека спогодбено е прекината соработката со селекторот на женските репрезентации Љубомир Савевски, нешто повеќе од три месеци од неговото истекување. 
Познатиот македонски тренер оваа функција ја извршуваше од јуни 2021 година и под негово водство женската репрезентација настапи на ЕП Македонија 2022, имаше успешен настап со кадетскиот тим кој обезбеди пласман на ЕХФ Еуро, имаше успешен настап на кадетскиот Светски шампионат каде Македонија ја мина првата рунда и беше блиску и до пласман во 1/8 финалето, а неуспешен настап во баражот за СП каде што неодамна бевме елиминирани од Украина. 
Играта на нашиот тим особено на реваншот беше неубедлива и практично во тој момент работите забрзано почнаа да се движат во правец што доведе до ова во моментов неминовно решение. 

Ваквиот расплет беше очекуван, а практично и најавен од досегашниот селектор. Пред РФМ сега е комплицирана задача да назначи селектор со кој треба да ги минеме квалификациите за ЕП, но имаме пред себе и настап на младинската селекција во мошне посилна конкуренција, а домаќини сме и на јуниорскиот светски шампионат што догодина треба да се одржи во Скопје. 


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk