Аеродром, домаќин на Ф4 за пионери

Екипата на РК Аеродром во пионерска конкуренција ќе биде домаќин на фајналфор турнирот од машкиот пионерски шампионат на Македонија. 
Аеродромци во полуфиналето ќе се сретнат со екипата на Куманово, а другиот полуфинален пар се Е. Пелистер и Голден Арт. 

Ф4 турнирот ќе се одржи на 7 мај во Скопје, во малата сала во СЦ ,,Јане Сандански”.
Првото полуфинале ќе се игра во 10:30 часот, второто во 12:30 часот. Натпреварот за трето место ќе се одигра во 17:00 часот, а финалето е закажано за 18:45 часот. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk