Македонецот заминува од Спортинг Пелт

Македонскиот интернационалец Влатко Тасевски заминува од редовите на белги скиот тим Спортинг Пелт, потврди клубот. Тасевски утре полни 40 години, а во Спортинг е од 2016 година. Претходно играше за екипите на Тонгерен и Бохолт, а покрај македонското има и белгиско државјанство. 
Оваа екипа прави крупни промени, а најголемата е заминувањето на првата ѕвезда, ветеранот Бартош Кониц (38), холандско-полски ракометар кој има играно за Келце и Висла.

Влатко Тасевски ја завршува ракометната кариера со крајот на сезоната, а клубот му се заблагодари и истакна дека знаат дека ќе им недостасува повеќе отколку што мислат.

Неговиот син, пак, Доријан Тасевски, е исто така ракометар на Спортинг Пелт и тој ќе продолжи по стапките на Влатко. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk