Митев: Ме радува што помогнав, но успехот е тимски

Марко Митев, младоиот плејмејкер на Алкалоид вчера блесна на натпреварот со Турција, во моментите кога на репрезентацијата најмногу и беа потребни голови. 
Митев ја искористи целата својата брзина, пробојност и луцидност и од резултат 25-25 во 53 минута, презема сѐ во свои раце.
Постигна четири гола по ред, ја доведе Македонија во водство од 29-26, а потоа и му асистираше на Пешевски кој изнуди седмерец, пенал што Гоце Георгиевски го претвори во водство од 30-26, со својот последен гол во дресот на Македонија. 

„Во финишот сите заедно собравме сили за победнички печат на пласманот на Европското првенство. Не променивме ништо во играта во тие решавачки минути, беше истата од самиот почеток. Мотивот беше голем, бевме максимано сконцентрирани. Во ракометот нема поединци, ме радува што успеав да помогнам во овој триумф, но истиот е заслуга на сите во тимот“, изјави Марко Митев. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk