Лазаров: Овој меч ми ги отвори очите, ќе се менуваат многу работи

Македонија се пласираше по втор пат на ЕП под водство на селекторот Кирил Лазаров. Квалификации лесно минати, без резултатски потреси, нашиот тим ги совлада послаборангираните, не успеа против подобро-рангираната Португалија.
На крајот, второ место и трет шешир во ждрепката што ќе се одржи на 10 мај. 

„Бевме фаворити на хартија. Но, ова не е истиот тим на Турција бидејќи имаа двајца поквалитетни ракометари. Мора да бидеме подготвени ментално против секој противник. Одлика на големи екипи е да се вратиш од минус четири.
Воочив некои работи и во иднина ми е јасно кого ќе повикам во дресот на Македонија. Јас им верувам на сите, давав шанса на повеќе играчи во ротацијата, но сега ми се отворија очите бидејќи работи што се повторуваат треба да се решаваат. Честитки за момците бидејќи не е исто да завршиш со победа или со пораз. Многу работи ќе менуваме во иднина“, изјави Лазаров. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk