МАКЕДОНИЈА - ТУРЦИЈА 30-27 (15-15)
МАКЕДОНИЈА: Томовски (16 одб), Кизиќ, Кузманоски, Ѓоргиев 3, Митев 5, Талески 2, Маркоски 1, Ф. Кузмановски 3, Костески 1, Георгиевски 2, Младеновиќ 1, Пешевски 5, Јагуриноски 3, Аларов, Атанасијевиќ 1, Серафимов 4
Македонија е учесник на Европското првенство што во јануари 2024 ќе се одржи во Германија. Македонија во ждрепката што ќе се одржи на 10 мај, ќе биде во третиот шешир, затоа што квалификациите ги заврши на второто место, зад екипата на Португалија, а пред Турција и Луксембург.
Репрезентацијата на Турција беше последниот противник на Македонија на патот кон Европското првенство. Вечерва во Скопје својот последен меч за националниот тим го одигра
Гоце Георгиевски - Џомба, а на својот последен меч за репрезентацијата беше и капитен на тимот.
Ѓоргиев го отвори натпреварот, но следеа три по ред грешки на нашиот тим, по што Турција поведе со 2-1 и покрај тоа што нашата одбрана не беше лоша.
Потоа работите полека почнаа да доаѓат на место. Македонија играше побрзо од противникот, Томовски имаше неколку интервенции и турскиот селектор по15-тина минути побара тајм аут затоа што беше 9-5.
По минутата одмор, Турците почнаа да играат подобро и намалија на 9-10 и 10-11, во 18 минута.
Во 23 минута, пех за нашиот тим. Се повреди Филип Кузмановски и беше изнесен од теренот. При доскок го превитка десниот скочен зглоб.
Младеновиќ и Серафимов и донесоа водство на Македонија од 13-11 во 25 минута, две минути подоцна беше 14-13, но на 30 секунди до крајот беше 15-15, а напаѓаше Турција. Томовски го одбрани ударот на Рамазадн Доне и на одмор се замина со егал.
Турција прва поведе во вториот дел, од седмерец, а потоа и зголеми на 18-15, а Кирил Лазаров веднаш побара тајм аут.
Не одеше, турскиот голман бранеше одлично па го одржаа водството во следните минути. Јагуриновски и Томовски во овој период беа добри, но разликата остана од два до три гола.
Ѓоргиев и Митев успеаја да смалат еден гол од минусот. на еден до два минус, а атмосферата во салата се вжештуваше од напад во напад.
Пак Македонија прва влезе во кризен период и минус од 20-24 во 45 минута од мечот, но со серија од 3-0, се вративме во игра (23-24) пред турскиот селектор да побара тајм аут.
Одбраната беше сосема поинаква во овој период, а Томовски со 14 одбрана ни даде шанса да израмниме. Јагуриновски ја искористи за 24-24 на точно 10 минути до крајот.
Марко Митев ја донесе Македонија во водство од 25-25 на пет минути до крајот на мечот. Томовски со одбрана број 15 спречи израмнување, а блескаше младиот Марко Митев кој ги постигна следните три гола за Македонија и водство од 28-26 на две минути до крајот.
На крајот имаше и емотивен момент, Гоце Георгиевски изведуваше седмерец и го постигна својот последен гол во дресот на Македонија за водство од 30-26.