Денеска игра Македонија, последен меч за ЕП 2024

Машката репрезентација на Македонија денеска ќе го комплетира учеството во квалификациите за ЕП што почнаа уште во октомври минатата година. 
По три квалификациски циклуси, македонскиот тим дојде до момент за плсман на второто место во групата да му одговара секој резултат до порад од девет гола разлика. 
Шанса што несомнено ќе ја искористиме и на 10 мај од третиот шешир ќе ги чекаме противниците за ЕП. 

За денешниот меч што почнува во 18:00 часот, македонскиот тим ќе биде изменет во однос на тој што настапи во Луксембург. Промената е на голманската позиција, а овој пат ќе одмори Никола Митревски, а на голот ќе застанат Мартин Томовски и Марко Кизиќ. 

Денешниот натпревар ќе биде и последен во дресот на репрезентацијата за Гоце Георгиевски, деснокрилниот играч кој има оставено траен белег во македонскиот ракомет. 


Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk