Филип Лазаров оди една лига повисоко!

Германскиот клуб Интерактив, тим од германските регионални шампионати, неколку години е база за македонски играчи. Денеска има шанса да се пласира еден ранг погоре, односно да се пласира во Третата Бундеслига. 

Интерактив е екипа во која бранеше Петар Ангелов - Диви, а играчката кариера ја завршија, а тренерската ја почнаа Аце Јоновски и Филип Лазаров. Јоновски кој е главниот виновник што во клубот се створи македонска база, неколку сезони беше тренер на клубот и беше на еден меч до пласман во повисок ранг, но тогаш тимот на успеа.
Сега со Филип Лазаров е на прагот на за нив историскиот успех. Второпласираната екипа, вчера неочекувано загуби на домашен терен, па така ако денеска Интерактив како домаќин го совлада петтопласираниот Рефрат Хенд, ќе стане математичи недостижен и ќе се пласира во Третата Бундеслига. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk