Хорват си е Хорват, не менува лесно клуб

Златко Хорват, хрватското десно крило потпиша нов договор со унгарскиот тим Дабас и ќе остане таму најмалку до јуни 2024 година. 
За Златко Хорват кој има полни 38 години, ова е само третиот клуб во кариерата. Најмногу, цели 18 години мина во редовите на Загреб, а потоа на големо изненадување дојде во скопски Металург. Финансискиот крах на некогашниот македонски шампион го принуди на нов трансфер, а тој е во унгарскиот Дабас каде можеби и ќе ја заврши играчката кариера. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk