Утре околу 19:30 часот ќе завршат квалификациите за ЕП 2024. Точното време можеме да го предвидиме затоа што сите натпревари се закажани со почеток од 18:00 часот за да се избегнат калкулациите со резултатите, без разлика што на поголемиот дел групите веќе се е јасно и можеле да имаат и друг термин.
Македонија има обезбедено пласман на ЕП, невозможно е да се замисли расплет по кој ние би останале без ЕП. За да биде појасно, за да испадне од трката, прво Македонија би требало да загуби со најмалку 10 гола разлика дома од Турција.
Но, треба да се остварат уште два од следниве резултати: Италија да ја совлада како гостин Франција со осум гола разлика, Естонија да го совлада Исланд на гости со 11 гола разлика, Грузија со 14 гола да слави во Унгарија, Словачка со 17 гола на гости да ја победи Србија или БиХ со седум гола на гости да ја совлада Црна Гора.
Притоа и Грција да не загуби со повеќе од три гола на гости кај Холандија, а Ф. Острови со четири од Австрија.
Веруваме дека Македонија нема да влезе во ниту една од овие математики туку дека со победа над Турција ќе го верификува пласманот на ЕП и од третиот шешир, заедно со Хрватска, Србија и Чешка, Полска и Ц. Гора ќе ја чека ждрепката на 10 мај.
Во моментов вака изгледа распоредот на третопласираните екипи. Четири одат на ЕП.