ХРВАТСКА - МАКЕДОНИЈА 27-31 (12-13)
Сала: ДГ Спорт Прелог, во Прелог Хрватска. Судии: Матија Цингесар и Матеј Павловиќ од Хрватска.
ХРВАТСКА: Херцег, Глуветиќ 2, Бајан 3, Шимиќ 2, Бартолиќ 1, Боровец 2, Зовак, Чаприќ, Крупиќ, Томшиќ, Чуло 2, Прпиќ, Мак 1, Чосиќ 2, Иванишевиќ 3, Матошевиќ, Петровиќ 2, Крстиќ 3, Ткалец 3, Малинариќ 4
Седмерци: 5/6 Исклучувања: 10 мин.
МАКЕДОНИЈА: Брестовац, Галевски, Субашевски 3, Михајловиќ, Николовски, Глигоров, Карасманакис 3, Димковски 3, Петковски 4, Д. Узунчев 2, Т. Узунчев 4, Шулевски 1, Димевски, Митев 4, Калајџиоски 5, Стојановски 2
Седмерци: 4/6 Исклучувања: 12 мин.
Кадетската репрезентација на Македонија ѝ се реваншираше на Хрватска за вчерашниот пораз и на денешната втора контрола беше подобра и запиша победа од 31-27.
Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ и тренерот Бранко Ангеловски вечерва ја задржаа концентрацијата до крај и со скор 1-1 се враќаат во Македонија, а настпот можат да го квалификуваат како успешен.
Вечерва, поведе Хрватска 1-0, но со трите погодоци на Карасманаскис и по еден на Калјаџиоски и Субашевски, македонскиот тим имаше водство од 5-2 во 11 минута.
израмнија домашните на 5-5, поведоа со 6-5, но следеа по еден погодок од браќата Узунчеви и еден од Петковски, па Македнија одново се врати во водство, а преку Дамјан Митев и Петковски одново поведе и со два гола разлика.
Се играше израмнето до крајот на полувремето, по кое Македонија имаше минимално водство 13-12.
Хрватска успеа да израмни по три минути игра во вториот дел (15-15), но следеше серија на Македонија од 6-1, за водство од 21-16 во 39 минута. Во овој период погодуваа Калајџиоски, Димитар Узунчев, Петковски и Митев.
Домашниот тим намали на 19-22 во 44 минута од средбата, по што следеше нова канонада од Митев, Калајџиоски и Субашевски и нашите кадети имаа 24-19 во 48 минута.
До крајот на натпрварот македонските кадети ја одржуваа разликата без поголеми резултатски возбудувања. Најмноу што успеаја Хрватите е во неколку наврати да намалат на минус три (24-27, 25-28). Конечниот резултат е 31-27 за македонскиот тим.
Овие натпревари се во рамки на подоготовките за настап на кадетското Светско првенство што летово ќе се одржи во Хрватска од 2-13 август. Македонија ќе учествува на тој мундијал, а во група сме со репрезентациите на Норвешка, Црна Гора и Грузија.
Тоа ќе биде и последниот настап на оваа генерација (У19) како кадети. По мундијалот, овие момци продолжуваат во јуниорска конкуренција, а Македнија веќе има спрема нова кадетска која ќе игра во јануарските квалификации за ЕП.
Поврзани вести