Матлиески на кормилото на ГРК Тиквеш

Кавадарчани брзо го решија тренерското прашање откако нивниот досегашен тренер Данило Брестовац замина о заливот за да биде селектор на машката репрезентација на Обединетите Арапски Емирати. 

Никола Матлиески, добро познат македонски тренер кој водел неколку екипи меѓу кои и Т. Пролет (фото), од понеделник ќе го преземе кормилото на кавадаречкиот клуб. Во понеделник ќе биде и официјалната промоција во градот на виното. 

ГРК Тиквеш имаше одличен старт во плејоф шампионатот, но во вториот дел од натпреварувањето непланирано загуби неколку бодови и се најде во лоша позиција кога е во прашање битката за Европа. Математички уште се во игра, но распоредот им е полош од тој на Охрид кој е нивни главен ривал во оваа трка. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk