Екипата на Монпеље активно се вклучи во ловот на таленти и на тој начин се обидува да држи чекор со екипите што имаат поголеми буџети од нив. Тренд во кој убедливо води полскиот тим Келце кој има неколки големи потенцијали под свое и ги позајмува на другите екипи за калење.
Келце го купи и најдобриот стрелец од кадетското СП Македонија 2019, египетскиот голгетер Хасан Кадах и тој ќе биде нивни играч од јуни.
Монпеље, пак, откако го купи МВП играчот од кадетското СП Македонија 2019, Ахмед Хешам, ја насочи потрагата преку океанот и го доведе 20 годишниот бразилски супер-талент Хуго Монте. Тој ќе ја доврши сезоната во Пињеирос, па потоа се сели во Европа.
Ја паметиме како еден од најопасните играчи што од бившиот Советски сојуз дојде во Европа. Наталија Дерепаско беше столбот на Крим и на репрезентацијата на Словенија со години.
Таа денеска објави дека ја завршува соработката со кинеската екипа Феникс која се натпреваруваше во шампионатот на Русија. Клубот решил да побара нови решение за клупата.
Хрватското десно крило, Патрик Мартиновиќ (22) по една година мината во Словенија, најверојатно заминува од редовите на Целје и се враќа назад во Хрватска, во екипата на Нексе.
Шпанскиот хит на сезоната, Гранољерс, ќе го ангажира пивотот на Хуеска, Иван Монтоја, како замена за Чилеанецот Естебан Салинас кој, пак, се сели во Бидасоа.