ТОП ВЕСТИ: 70.000 за израелскиот Скубе

Португалската Бенфика наводно платила отштета од 70.000 евра за израелскиот Лук Стеинс/Сташ Скубе. Јоав Лумбросо, 22 годишниот израелски плејмејкер висок 172 сантиметри би требало наскоро да стане соиграч на Филип Талески доколку се реализира и овој трансфер. 

Германската Бундеслига ќе добие нов најдобар стрелец во историјата. Тоа е извесно откако второпласираниот Ханс Линдберг потпиша нов едногодишен договор со Фуксе Берлин. Линдберг можеше и сезонава да го сруши рекордот во сопственост на Кјун Шин Јон од Кореја, но се повреди и неколку месеци беше надвор од теренот. 

Црногорскиот репрезентативец Милош Вујовиќ е суспендиран еден натпревар од квалификациите за ЕП 2024 поради неспортско однесување. 

ЧСМ Букурешт на три кола до крајот на најскапиот женски шампионат во Европа, романската лига, го обезбеди шампионскиот пехар. 

Бундеслигашот РНЛ го потврди доаѓањето на Арнор Снер Оскарсон, исландски плејмејкер кој има 23 години и доаѓа од екипата на Валур Рејкјавик. 

Холандскиот репрезентативец Томас Хутепен (20) до 2025 година ќе игра за германскиот тим Лемго. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk