Екипата на Радовиш е првата екипа што математички нема шанса да одбезбеди опстанок во суперлигашката конкуренција за следната сезона.
Источна Македонија го загуби единствениот претставник во најсилната ракометна конкуренција, откако радовишани низ текот на целата сезона имаа слаби резултати, а во плејаут првенството, од 11 одиграни натпревари имаат само 1 нерешен резултат и 10 порази.
Минатото коло во кое Радовиш како гостин беше поразен од Куманово (27-34) значеше математички крај на шансите. Радовишани со два освоени бода се нови прволигаши. Пред нив исто така во зоната за испаѓање сега е Јуниор Кисела Вода со освоени 14 бода на три кола до крајот.
Но, Јуниор има шанса да обезбеди и директен опстанок или играње бараж, затоа што пред него се Вардар Неготино со 16, Скопје 2020 со 18 освоени бодови.
Од другата страна, пак, екипата на Голден Арт е првата што математички обезбеди опстанок и следната сезона ќе биде суперлигаш. Скопскиот тим има освоено 27 бода и е математички недостижен за Вардар, Ј. Кисела Вода и нормално, Радовиш.
Во пракса опстанок имаат обезбедено и Куманово и Струга.
ПЛЕЈАУТ ТАБЕЛА НА ТРИ КОЛА ДО КРАЈОТ НА ПРВЕНСТВОТО