Талески: Ако не ја оствариме целта, не треба ни да доаѓаме

По кратка пауза во мартовските квалификациите, Филип Талески повторно се врати во репрезентацијата. Македонија е фаворит на овие два дуела, други опции не се во игра.

„Ако не си ја оствариме целта, тогаш не треба да доаѓаме. Сакаме да играме на ново Европско првенство. Ние сме фаворити, но мора тоа да го покажеме на терен. Не настапив на мечевите со Португалија по барање поради приватни причини, но сега сум тука и подготвен сум да одговорам на барањата. Ни следат два меча со Луксембург и Турција, кои веќе ги победивме со брза и ефикасна игра. Сега верувам дека ќе се подготват подобро за нас од првите средби. Ние мора исто да видиме каде ривалите се подобрени или каде имаат слабости. На пример Турција најавува враќање на искусни играчи, меѓутоа нашата сала секогаш е преднсот против било кого“, изјави Талески.
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk