Џомба: Сега сум во ред, емоциите ќе дојдат подоцна

Гоце Георгиевски, репрезентативното крило во финалниот циклус на квалификациите ќе ги одигра своите последни два меча во дресот на репрезентацијата. 

„Ова е мојата финална одлука. Ги играм двата последни натпревари за репрезентацијата. Мислам дека е исправна одлука, дека има доста квалитетни играчи во тимот за добра иднина. 
Подготвен сум за овие два дуела, сега сум ОК, но ќе видиме во среда и недела, тогаш емоциите сигурно ќе бидат посилни и поинакви. 
Најдобар начин да се простам со репрезентацијата е со победа и пласман на ЕП, сигурен сум дека тоа ќе го оствариме“, изјави Гоце Георгиевски. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk