Војводина во финале на ЕХФ Куп

Сехалигашот Војводина е првиот финалист на ЕХФ Европскиот Куп. Новосадската екипа откако минимално загуби од Алингсас на првиот натпревар (25-26), на реваншот во полната сала на домашен терен славеше убедлива победа од 32-24. 
Војводина во финалето ќе игра со подобриот од норвешката пресметка меѓу Нербо и Рунар. На првиот меч, Нербо како гостин славеше 27-25, денеска се игра реваншот. 

Ова е трет пат екипа од Србија да игра финале на ЕХФ Куп, порано познат како Челинџ Куп. Југовиќ во 2001 го освои, а Металопластика во 2014 играше и загуби во финалето.
Во сезоната 2001/02 во финалето на Челинџ Куп играше и македонски клуб, Пелистер. Беше поразен од дански Скјерн. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk