Белоруски експеримент - Активна одбрана, задолжително

Времето што го минуваат во изолација поради санкциите што им ги воведоа ИХФ и ЕХФ, Белорусите ќе го искористат за експериментирање и барање на начин како да го подобар стилот и системот што го играат. 

Поранешниот ракометар на Динамо Минск и на Мешков Брест, Максим Бабичев, кој од 2021 е селектор на женската репрезентација на Белорусија, на Собранието на Белоруската ракометна федерација (БГФ) предложи во женскиот шампионат, екипите задолжително во првите 15 минути да играат т.н. активна одбрана односно зона 3-3 за која смета дека може да донесе напредок во системот и стилот на игра на белоруските женски екипи. Белорусија „активна одбрана“ форсира веќе неколку години, но во националните тимови, за што бевме и сведоци на ЕХФ Шампионатот во кадетска конкуренција во Скопје. Сега ќе оди и на клупско ниво.
Неговиот предлог беше едногласно усвоен, па сега сите белоруски тренери и ракометарки ќе мора да го учат овој дефанзивен стил на игра. 

Дали ќе имаат некој (по)голем бенефит од ова, ќе покаже времето. Зијан секако нема да имаат, затоа што не може ништо да се загуби, ако се научи нешто ново. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk