Топ вести: Испрати двајца во болница, ама и самиот настрада

Александрина Кабрал Барбоса (37) има невообичаено долга кариера и веќе 20 години игра на врвно ниво. Португалката со шпански пасош беше блиску до пензија минатата сезона кога потпиша за екипата на Морведре од Шпанија, но сега одново прави топ трансфер. Следната дестинација и клубот број 13 во кариерата е францускиот топ клуб Брест Бретањ. 



Поранешниот сехалигаш, екипата на Извиѓач е нов шампион на БиХ. На три кола до крајот, Извиѓач стана математички недостапен за второпласираната екипа на Вогошча. Ова е деветта титула за тимотод Љубушки. 



Поранешниот голман на Вардар, сега на Фуксе Белин, Дејан Милосављев, испрати двајца ракометари на Кадетен Шафхаузен во болница на дуелот од 1/4 финалето на Европската лига. Но, притоа и тој се повреди и нема да биде дел од тимот на Берлин на дерби мечот со РНЛ што се игра во недела. 

Роберто Гарсија Парондо, очигледно задоволен од перформансот на Арнор Фреи Арнарсон, даде зелено светло за активација на клаузулата со која исландскиот играч останува во клубот до јуни 2024. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk