Спас во последен час: Келце најде спонзор!

Втор пат во четири години, клубот Келце, неприкосновен шампион на Полска и екс европски првак успева во последен момент да го тргне вратот од гиљотината. 

По откажувањето на пиварницата Ван Пур, производител на пивото Ломжа, спонзор кој обезбедуваше 30% од буџетот на клубот, Келце се најде во многу независна ситуација. Клубот беше принуден да го продаде Недим Ремили и за момент да се спаси од егзодус на играчите, а беше на прагот да продаде и други играчи за сезонава да го запре падот. 

Но, доаѓаат подобри денови. Клубот Келце се договори со една од водечките компании за производство на паркет и дрвени подови, Барлинек и во иднина ќе се вика Барлинек Индустрија Келце. 
Оваа компанија потврди дека ќе спонзорира. Тие велат дека спортот не им бил примарен таргет во рекламирањето, но и дека им е мило што можат да помогнат знаејќи го значењето на клубот за градот. 

Не е објавено колку ќе вложува оваа компанија во Келце и дали со нивното влегување амбициите ќе се зголемат, намалат, дали ќе останат исти. Во моментов, Полјаците се пресреќни што го спасија клубот од распад и заминување на голем број на ѕвезди. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk