Големо, историско фијаско на Флензбург

Завршницата на Европската лига годинава почна со сензационална елиминација на германскиот тим Флензбург, во 1/4 финалето на ова натпреварување. 

Германскиот тим не само што важеше за фаворит број еден за освојување на победничкиот пехар, туку е и домаќин на завршниот турнир, фајналфор, кој ќе се одржи во Фленс арена на 27/27 мај. Флензбург таму ќе биде домаќин, но само организациски, на теренот ќе бидат Берлин, Гепинген, Монпеље и Гранољерс. 

Шпанскиот клуб, Гранољерс е творец на сензацијата, откако го совлада Фелзнбург среде Фленс арена со големи осум гола разлика 35-27, откако на првиот натпревар во Шпанија средбата заврши со победа на Германците од 31-30. 
Јунак на Гранољерс е Јусуф Фарук. Момчето од Нигерија постигна девет гола! Ако паметите, по Кадетското светско првенство во Скопје, Јусуф Фарук потпиша за екипата на Бутел Скопје. Не се појави во Македонија втор пат, туку премина во редовите на Келце, од каде како позајмен играч отиде за Гранољерс каде доживува ѕвездени моменти. 

Драматично беше и во Монпеље, каде домашниот тим со 31-30 го совлада Спортинг, откако на првиот меч беше нерешено 32-32. 
Клучен момент на овој меч беше црвениот картон што Франциско Кошта го заработи во 15 минута, откако од пенал го погоди во главата голманот Реми Дебоне. Спортинг беше во игра до последната минута, но со многу импровизации на позицијата десен бек откако расплаканиот Кико Кошта се пресели на трибините. На спротивната страна, екс вардарецот Сташ Скубе имаше 100 % реализација од 6/6. 

Не изостана драма ниту во Берлин каде што поранешниот вардаров играч Џуан Кањељас се обидуваше со Кадетен Шафхаузен да одбрани четири гола капитал (37-33) од првиот натпревар. Матијас Гидсел правеше чуда на овој меч. Швајцарците беа блиску, минути ги делеа од пласман, а секунди од пенал рулет. Во клучните моменти уште еден екс вардарец имаше запазена улога. Голманот Дејан Милосављев, кој цел натпревар беше под своето ниво, во последните 20 минути значително се подобри фати кважни топки патем и заработи црвен картон на пет минути до крајот. 

Ждрепката за Ф4 ќе се одржи во сабота. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk